-->
-->
Неочекуван пораз на Олимпик Марсеј на гостувањето кај Мец
-->
Екипата на Олимпик Марсеј е поразена на гостувањето кај Мец во воведниот натпревар од 23.коло на француското фудбалско првенство.
Олимпик кој се бори за место кое води во европските купови следната сезона, неочекувано загуби од Мец со 1-0, со што тимот од Марсеј полека го губи чекорот со конкурентите. Затоа пак. Трите нови бода за Мец значат многу за бегство од долниот дел од табелата, односно зоната за испаѓање.
Со овој триумф Мец скокна за четири места и сега е на делба на 14-тата позиција со 24 бода, а Олимпик Марсеј останува шести со 33 бода.
Денеска ќе се играат шест натпревари. Програмата ќе биде отворена со дерби дуелот меѓу двете пропласирани екипи Монако и Ница кој ќе започне од 17 часот.
Во вечерниот термин од 20 часот ќе играат:
Бордо – Рен,
Дижон - Париз Сен Жермен,
Гингамп – Кан,
Лил – Лориен,
Монпеље – Бастија.
За во недела закажани се последните три средби и тоа: Тулуз – Анже, Нант – Нанси и Сент Етјен - Олимпик Лион.
Табела: Монако 49 бодови, Ница 49, Париз Сен Жермен 46, Олимпик Лион 37 (-1 натпревар помалку), Сент Етјен 33, Олимпик Марсеј 33.. ит/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори