Балкан
8. December 2015 - 11:17

Необична сообраќајна несреќа: Автобус се заглави под надвозник

Необична сообраќајна несреќа се случила вчера околу 10 часот на раскрсницата Максимилијан Бенковиќ, Железничка Улица и кралот Звонимир во Нова Градишка, под надвозникот.
 
Поради висината, автобус на Eurolines не можел да помине, па останал заглавен.
 
Сообраќајот бил во прекин се додека не била комплетирана истрагата.