Живот
24. August 2016 - 16:18

Необичен натпревар на убавина во Охрид: Се избира „Мис змија“

Во Охрид на 26. август ќе се одржи необичен зибор на мис, на кој ќе продефилираат девојки од Македонија и Србија.

За оваа титула ќе се борат десет девојки од Македонија и Србија, а најубавата и најзгодната „змија“ ја очекуваат бројни награди.

Организаторите на овој необичен избор на убавина се модното студио Шанел и Гоце Спасевски. Тој во охридската чаршија е познат како Аждер, зошто со години наназад во центарот на градот стои со својот, тајвански, тигрест питон Алфред, и со необичниот миленик туристите може да се фотографираат за 100 денари.

-Во Македонија има толку многу избори на убавина, толку убави девојки, што решивме да направиме уште еден уникатен избор - Мис Змија. Самиот збор змија кога ќе се насочи кон одредена девојка може да се протолкува на повеќе начини, како жена - змија, отровна и злобна, но и како девојка со змиско тело, премногу згодна и фатална, објаснува Благоја Стојановски, сопственик на модното студио кое го организира овој необичен избор на мис.

Освен највредните награди, мисиците ќе може да се сликаат и со питон.

Foto-ilustracija: D.Joksić

Погледнете го видеото: