-->
-->
Необичен експеримент - Имав секс секој ден, цела година
-->
Британи Гибонс, британска блогерка и мајка на три деца, пред три години се одлучила за необичен експеримент – да има секс секој ден барем по еднаш и да провери како тоа ќе влијае врз нејзиниот брак и живот. Своето искуство го сподели со колумна на Goodhouskeeping.com.
Британи се одлучила за овој потег откако го родила третото дете и го погледнала својот одраз во огледало и сфатила дека повеќе не се препознава: се здебелила и според нејзините зборови повеќе наликувала на најзината мајка отколку на себеси. Не се чувствувала добро во сопственото тело и повеќе не сакала да биде гола пред сопругот.
-Очајнички сакав да го променам тоа”, рекла Британи и одлучила да има секојдневни сексуални односи со нејзиниот сопруг, под услов да не се прескокне ниту еден ден во годината, иако и двајцата имаат многу обврски и три деца.
Британи открила дека во првите неколку месеци имала секс со нејзиниот сопруг во кошула која го криела нејзиниот стомак и гради и дека го терала сопругот да излегува од собата и да не ја гледа додека се пресоблекува.
-Подоцна почнав да се ослободувам и полека повторно да го прифаќам моето тело онакво какво што е”, напишала таа, додавајќи дека секојдневниот секс станувал се’ подобар од ден во ден, а нивниот однос во креветот и надвор од него, се’ поквалитетен.
Блогерката вели дека експериментот целосно го променил нивниот брак и нејзиниот живот, иако после една година, немале секс баш секој ден. Британи денес толку го сака своето тело, што секојдневно објавува фотографии на Инстаграм на кои позира самоуверена и среќна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсена раководителка во железницата на Србија во врска со несреќата на Железничката станица во Нови Сад
-
Лавров: Русија ќе ги прекине непријателствата кога ќе го добие она што го сака во преговорите
-
За една недела санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Викендов 718 казни за брзо возење
-
ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина
-
Ја тепал па ја силувал во автомобилот на татко му, 37 годишен скопјанец осомничен за силување
-
Макрон му честиташе на Мерц: Порешителен од кога било за заедно да правиме големи работи
-
Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната