Ненаспаноста може лошо да влијае врз љубовната врска
Неквалитетниот сон, т.е. ненаспаноста може да има многу лош ефект врз една љубовна врска, посочува истражување објавено во списанието „Сајенс“ за социјална психологија (Social Psychological and Personality Science).
Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), возрасните треба да спијат најмалку седум часа навечер. А, според новиот напис, доколку сонот трае помалку од препорачаното, голема е веројатноста да се појават проблеми во љубовната врска. Трудот покажа дека учесниците во испитувањата со помал просек во дневно спиење – повеќе се караат со партнерите.
– Сите знаеме како се однесуваат децата кои прескокнале сон. Истото се случува и со возрасните. Тие повеќе не можат да ги контролираат своите емоции. Малите проблеми почнуваат да изгледаат поголеми отколку што се. Така, луѓето реагираат претерано на сѐ, објасни психологот Џенифер Л. Мартин.
И други истражувања покажуваат дека луѓето кои не спијат доволно, честопати не покажуваат емпатија, ја губат способноста да ги решаваат судирите на нормален начин и ги занемаруваат емоциите на другиот.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи