Живот
26. January 2016 - 9:29

Неможеле да имаат деца, а потоа баба Ванѓа го впери прстот кон нив и рече...

Баба Ванѓа беше една од најпознатите јасновидка на балканските простори. Сите одеа кај неа, но обичните луѓе беа нејзина најверна публика.

Таа постојано им даваше надеж и им помагаше во најтешките моменти од животот - со својата благост и утешни зборови.

-Дојдовме пред куќата на Ванѓа, а прозорецот не избезуми. Еден куп луѓе. Некои дури седеа на душеците зошто не можеа да го дочекаат својот ред да влезат кај гатачката па тука се одмараа, се присетува една жена од Македонија која Ванѓа ја посетила во седумдесеттите заедно со сопругот.

Докторите ми рекле дека никогаш нема да имаат деца. Но тие никогаш не ја изгубиле надежта.

-Беше лето, а температурите се повеќе ги уморуваа луѓето што чекаа. Сепак, никој не сакаше да ризикува, и да се тргне од редот. Кој знае кога пак би имале можност толку блиску да се приближат до јасновитката. Чекале со часови, а некогаш и преспивале само за да се видат со Ванѓа, сведочи жената.

Таа била упорна. Нејзиниот сопруг не верувал во моќите на баба Ванѓа.

-Тоа е глупост, не ми паѓа на памет да влезам кај таа Бугарка, и рекол сопругот.

Сепак дошле. Ванѓа била посебно остра кон оние кои се сомневале во неа. Излегла од куќата и им се обратила:

-Го впери прстот во мојот сопруг, а собраниот народ се заледи, прераскажува жената.

-Цел пат си ме пцуел. Срам да ти е. Зошто доаѓаш ако не веруваш во мене? Одговорот на твоето прашање е: Не, нема да имате деца!

Нивната судбина навистина била зацртана. Никогаш немале деца.