Немој да го налутите светецот – денеска е голем празник!
Православните верници денеска го прославуваат светиот апостол и евангелист Јован Богослов. Овој апостол бил еден од првите ученици на Исус Христос, заедно со братот Јаков.
Црквата два пати во годината го прославува овој светител и тоа на 9 октомври кога се сеќава на неговото упокојување и 21 мај, бидејќи на овој ден од неговиот гроб се шири чудесен, и како што верниците велат, лековит прав, кој го земале и со него ги зацелувале маките и разните рани.
Црковните песни што се пеат на денешен ден се составени во осмиот век од свети Јован Дамаскин и од цариградскиот патријарх Герман
Се верува дека на денешен ден луѓето од село треба да ја одмараат стоката, жените да не фаќаат плетиво, ножици, а во многу краеви во овие денови почнуваат свадби кои траат по три дена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
