-->
-->
Нема жртви или штета по земјотресите во Истанбул
-->
Земјотрес со јачина од 4,6 степени денеска го погоди најголемиот град во Турција, но нема извештаи за штети или жртви, јави ДПА.Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 5,3 километри во Мраморното Море во близина на областа Силиври, на европска страна на Истанбул.
Државната телевизија ТРТ емитуваше снимки од училиште каде се евакуираат ученици во Силиври и луѓе кои во паника бегаат од локална продавница.
Нема пријавени штети, соопшти кабинетот на гувернерот на Истанбул на својата интернет страница.
– Нема жртви, изјави градоначалникот на Силиври Волкан Јилмаз.
– Ова е сепак потсетник за Истанбул да биде добро подготвен за голем земјотрес, истакна Јилмаз.
Земјотресот се случи на главниот расед во Северна Анадолија, проследен со три потреси, јави ТРТ.
Турција претрпе катастрофални земјотреси во минатото, вклучително и оној во близина на Истанбул во 1999 година, во кој загинаа повеќе од 17.000 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
