Нема влез на нови мигранти во ТПЦ Винојуг, на Табановце 1.044

Во Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија од 6:00 вчера наутро нема влез на нови мигранти и бегалци и се чекаат резултатите од начелниот договор постигнат вчера меѓу Турција и ЕУ за враќање на бегалците и економските мигранти на турска територија, јавува известувачот на МИА.
Барбара Колци од канцеларијата за заштита на УНХЦР денеска потврди дека засега во Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ има само 11 луѓе, бидејќи од вчера ниту едно лице ја нема поминато границата, додека состојбата од другата страна на границата во Идомени каде има повеќе од десет илјади луѓе е многу тешка.
- Состојбата во Табановце исто така е многу тешка каде моментално има околу 1.044 лица, кои чекаат веќе неколку дена.. Групата од 437 мигранти што замина вчера се уште чека на границата со Србија, каде не може да помине, рече Колци.
Според Колци, тешко е да се каже дали сите луѓе што чекаат на грчка страна од границата ги имаат сите потребни документи за влез, но полицијата при влез ги скенира и тие треба да поседуваат пасош или лична карта за идентификација и да доаѓаат од места кои не се сметаат за безбедни.
УНХЦР, исто така, реагираше на синоќешната изјава на водачите на државите од ЕУ и Турција. Во писмената реакција УНХЦР изразува загриженост за капацитетите на Турција да ги обезбеди сите основни потреби на растечката сириска популација како и околу договорот за неселектувно враќање на сите поединци од една во друга земја без доволно нагласени заштитни механизми за бегалците во согласност со меѓународните обврски.
Ново на Сител
-

Пожарникари го извлекоа телото на кавадарчанец кој загинал по пад од карпа при лов
-

Земјотрес со интензитет од три степени во Охрид
-

Што донесоа договорите за слободна трговија на ЕУ на божиќните трпези на Европејците
-

Двајца загинати и 26 повредени во судар северозападно од Токио во кој учествувале повеќе од 50 возила
-

Кавадарчанец осуден на една година затвор за напад врз полициски службеник
-

Зеленски и Мерц го потврдија единството пред средбата на украинскиот претседател со Трамп
-

Сиљановска-Давкова и Мисајловски на видеоконференциска врска со мировниците и предновогодишна средба со нивните семејства
-

Намалена видливост поради магла на Плетвар и во Крушево
