Нема седмица без радост од голема добивка на инстант лотарија

Во Државна лотарија велат дека секоја недела во нивните благајни се запознаваат со по неколку добитници на премии и големи добивки од инстант лотаријата. Благодарение на богатата понуда на различни видови стокови и парични премии и многубројните големи добивки што ги носат инстант лозовите, речиси секојдневно се потврдува дека среќата е насекаде.

Во богатата понуда има станови автомобили, електрични мотори и парични добивки до 10.000.000 денари Инстант лотаријата денес претставува една од најпопуларните и најдостапни забавни игри кај играчите низ земјата. Со големи фондови, разновидни теми, забавни начини за игра и возбудливи добивки, секој од лозовите носи свој посебен печат и можност за радосно изненадување.

Во сегашната понуда има 10 лоза и секој од нив има многубројни среќни приказни. Лозот „Титаниум“ е вистинскиот избор за оние што посакуваат премија автомобил, а лозот под име „Доме сладок доме“ е совршен за оние на коишто им е потребен стан во Скопје. Инстант лозот „Урбан стил“ со понуда на електрични мотори е уште еден во серијата лозови со стокови добивки што го поддржува урбаниот стил на живеење и заштитата на човековата околина.

Серијата парични лозови има вкупно седум лоза од коишто „Мега Милионер“ ги нуди најголемите парични премии во вредност од 10.000.000 денари, 8 добивки по 1.000.000 денари и други големи парични добивки.
Еден од најомилените инстант лозови „Макси златна рипка“, препознатлив по начинот за дознавање добивки носи премии вредни по 1.000.000 денари, а возбудливата „Златна Треска“ со дури три игри на еден лоз ги привлекува играчите со својот впечатлив дизајн и богата палета добивки меѓу кои 5 премии во вредност од по 585.000 денари.

Во серијата парични лозови е навистина забавно, тука е веселиот и свеж инстант лоз „Фрути“ со премии од по 400.000 денари, елегантниот и светкав „Дијамант“ со којшто потрагата по симболите прстен и дијамант може да заврши со освојување на една од 10-те премии вредни 300.000 денари, а вистинскиот хит за љубителите на астрологијата е лозот „Хороскоп“, којшто комбинирајќи нумерологија и астрологија ги впушта играчите во забавна игра со хороскопски симболи и броеви и носи многубројни парични добивки покрај 5-те премии од 500.000 денари.
Списокот членови на семејството на инстант лотаријата го завршуваме со инстант лозот, којшто го носи традиционалниот симбол на семејна среќа и благосостојба и веќе препознатлив и како симбол на Државна лотарија ‒ „Калинка“. Овој инстант лоз со 7-те премии од по 700.000 денари е шармантен и забавен, а познат е по својата убава симболика и примамлив изглед.

Велат дека во една калинка има околу 365 зрна среќа ‒ по секое за секој ден. Така и во семејството на инстант лотаријата, коешто има безброј „инстант“ добивки што секој ден носат радост на голем број љубители на игрите на среќа, кои се над 18-годишна возраст.
Забавните игри, впечатливите дизајни и многубројните добивки на инстант лозовите ги мотивираат играчите да продолжат да ја следат својата среќа со членовите на големото семејство на инстант лотаријата на Државна лотарија, чијшто слоган е СРЕЌА ПОД ПРСТИТЕ, а симболот на инстант лотаријата на Државна лотарија е отворена калинка со видливи зрнца среќа.

Инстант лотаријата навистина ја носи среќата во сите краеви на нашата земја.
Затоа, среќата е навистина насекаде со Државна лотарија.
Комерцијален Текст
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
