Македонија
2. October 2019 - 20:05

Нема регистрирано африканска свинска чума, отстрелот на диви свињи оди бавно

Во Македонија нема африканска свинска чума, во Бугарија регистрирани се над 65 жаришта населени со диви свињи. Болеста е присутна и во шест индустриски капацитети и во над 30 домашни фарми. Таму акцијата за острел на диви свињи допрва треба да почне.

Во земјава иако острелот на диви свињи е почнат, превентивната мерка бавно се реазлизира. Острелани се околу 300 диви свињи иако владата даде обврска половина од популацијата да биде острелана.

Од АХВ потенцираат дека месото во земјава во моментов е безбедно за јадење.

Африканската свинска чума не е штетна по здравјето на луѓето, но може да предвизика колапс на свињарството, бидејки лек за болеста засега не постои.