Балкан
7. March 2023 - 16:34

Нема реакција за нападот врз Отец Царкњас во Грција

Ја заклучив колата и тоа ме спаси - архимандритот, Никодим Царкњас, кој е поборник за правата на Македонците во Грција,вели дека бил нападнат од група Грци само затоа што е македонец. Во видео кое се споделува на социјалните мрежи објаснува дека насилниците го запреле со два автомобила, а целта им била физички да го нападнат.

Досега никој од македонската влада не го осуди нападот, ниту пак јавно проговори за инцидентот во кој беше нападнат 80-годишниот свештеник. Но јавноста регира дека ваквите инциденти треба да бидат заспрат. И професорката Ана Павловска Данева прашува зошто македонскиот министер за надворешни работи не замина веднаш по инцидентот во Грација, онака како што направи по случајот со Пендиков.

Тој истиот, како и сите останати членови на Владата, претставници на  “блокот за Европа” ни глас да пуштат за малтретираниот 80-годишен македонски православен свештеник во Грција, Никодим Царкњас! Само еден збор осуда за насилството врз возрасен човек, само еден збор во одбрана на националното достоинство, само збор утеха за луѓето кои и надвор од границите на државата го чуваат и негуваат македонскиот јазик, македонското писмо и македонскиот идентитет, ете толку ни е потребно!

Обединетата македонска дијаспора бара грчката влада да стави крај на овие неоправдани напади врз малцинските групи во Грција. Истовремено со повик и до македонските власти да воспостават политика на нулта толеранција за малтретирањето на македонските малцинства и нивните основни човекови права во соседните земји и во светот.

Од македонското МНР не одговорија дали министерот Османи ќе го осуди нападот и ќе замине во Грција за да го посети свештеникот, исто како што замина за Софија само еден ден по нападот на охриѓанецот Пендиков.