Бизнис
29. January 2021 - 16:51

Нема промени во работното време на администрацијата и угостителите

Се да остане како и досега. Комисијата за заштита од заразни болести препорачува да нема промени во работното време на угостителските објекти, ниту во начинот на работа на адмиистративците.

На денешниот состанок на Комисијата беше разгледано барањето на угостителите за продолжување на работното време до 23 часот. Извори од Комисијата за Сител велат дека препораката е угостителите засега да продолжат да работат како и досега, до 21 часот. Од Независната угостителска комора се лутат на Комисијата.

Комисијата смета дека ништо не треба да се менува ниту во однос на работата на амдинистрацијата. Иако министерството за информатичко општество препорачаа административците од понеделник да се вратат во полн состав и со полно работно време, Комисијата препорачува тие и натаму да работат како досега, односно од дома, во смени и со ротации. 

Последниот збор по препораките на Комисијата за заштита од заразни болести го има Владата која седница ќе одржи во вторник.