Македонија
25. September 2018 - 19:05

Нема повредени во пожарот во затворот Идризово

37 затвореници биле спасени од приемното одделение во затврот идризово во кое избувнал пожар. Сите биле ново примени кои штотуку започмнале со отслужување на затвроската казна и веднаш се распоредени во други одделенија.

Ниту еден  од затворениците кои во тој момент се наоѓале во опожарениот објект не било повредено.

Со огнената стихија била зафатена кровната конструкција од приемното одделение во затворот Идризово. Веднаш по избувнувањето на пожарот, лицата кои во моментот се наоѓале во овој дел од затворот биле префрлени во други побезбедни простории.

Пожарот бил пријавен околу 14 часот,а при неговото гаснење од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирале со 5 возила и 12 пожарникари.

Дали пожарот е подметнат или бил предизвикан од дотраента инсталација ќе треба да одговорат истражните органи по извршениот увид.