Македонија
15. December 2020 - 14:26

Нема повредени лица во пожарот кој го зафати камионот близу Сарај

Нема повредени во пожарот кој го зафати камионот кај клучката Орман близу Сарај. Од полицијата за Сител велат дека камиониот „МАН“ се запалил во движење, но возачот не бил повреден. 

Инцидентот бил пријавен во 12:50, а припадниците на противпожарната служба брзо го изгаснале пожарот.

 

Даниел Василев