Нема потврда дека Јанева доставила оставка
Во Советот на јавни обвинители не е пристигнат ниту имаат сигнали дека ќе пристигне допис за активирање на условната оставка од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што, како што објавија, некои медиуми вчера го доставила од затворот Скопје, каде е во притвор за предметот „Рекет“.
– Се уште не е пристигнат допис. Доколку пристигне јавноста ќе биде известена, информира за МИА Ацо Колевски претседател на Советот на јавни обвинители.
Според објавите во медиумите, дописот го испратиле вчера попладне, а од Советот вчера информираа дека до крајот на работниот ден не е пристигнат допис. Колевски кажа дека доколку пристигне тие веднаш ќе го разгледаат и ќе одлучат како ќе постапат.
Разрешување на Јанева вчера едногласно препорача собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата.
Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, на денот кога беше уапсен Бојан Јовановски за случајот „Рекет“, а која требаше да биде активирана кога ќе се избере нов специјален обвинител.
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево

