Нема осуда од Филипче за прославата по изборите во Штип
Нема осуда од министерот за здравство Венко Филипче по вчерашната прослава по победата на Сашо Николов на предвремените локални избори во Штип. Тој во интервју за Сител избегна конкретно да одговори на прашањето дали реагирал по вчерашната прослава без дистанца и со блех-музика и работата на угостителските објекти по дозволеното работно време до 21 часот.
-Тоа што ние можеме да го направиме е да забраниме тоа што ни дозволува Законот да забраниме. Тоа што не можеме да забраниме, а пробавме да забраниме – домашните прослави, излезе дека е противуставно, излегуваме со препораки. Врз основа на тоа што може да се имплементираме, ние ги димензионираме мерките. Сметаме дека угостителските објекти се сериозен ризик. Затоа го ограничуваме работењето до 18 часот. Препорачуваме да нема домашни собири. Повторно препорачуваме, како што препорачувавме на почетокот на кризата, да нема собири во викенд населбите. Се случуваат такви сценарија кога имаше долги карантини. Препорачуваме да нема организирани прослави во општините, на плоштадите, во работните организации. Нешто што знаеме дека вообичаено се случува. Апелираме да нема собири, прослави, согласно мерките кои што се во сила за забрана за групирање, како на пример, на иницијатива на верските заедници. Имаме и верски празници пред нас. Еден сериозен дел од тоа каков ефект ќе имаат ваквите мерки зависи од одговорноста на граѓаните. И тоа е така насекаде низ светот. Ако овие мерки кои што досега сме ги препорачале даваат резултати, а даваат, меѓутоа, ситуацијата е далеку од тоа да опуштиме, е одговорот на Филипче на прашањето за прославата во Штип.
Повторно прашан, дали разговарал со сопартијците за да им укаже дека тие треба да се првите кои треба да ги почитуваат мерките, Филипче рече дека тие тоа го прават.
-За време на целокупната кампања, за време на спроведување на сите активности, секаде се почитуваа мерките. И јас бев сведок дека се почитуваа тие мерки, и носењето на маска, и сите активности што ги имаа на терен. Апсолутно, сите чинители коректно се придржуваа до овие наши препораки, рече Филипче.
За потсетување, по објавувањето на резултатите, вчера на плоштадот во Штип се славеше со блех-музика и без придржување на мерката за одржување дистанца. Славјето од плоштадот се префрли во угостителски објекти кои работеа и по 21 часот.
Ново на Сител
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената
-
Возач на четирицикл од Куманово тешко повреден во Кавадаречко
-
Две лица на кошаркарски натпревар во Куманово нападнале играч и пробале да му го соблечат дресот
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола