Македонија
17. August 2019 - 17:04

Нема нови заболени од западнонилска треска, единствениот се уште во критична состојба

Во критична состојба се уште е 66 годишниот пациент кој е заразен со западнонилска треска. Директорката на клиниката за инфективни болести Милена Стевановиќ за Сител вели, здравствената состојба на пациентот е не променета и тој се уште е на интезивна нега. Пациентот бил префрлен на клиниката пред една недела откако болеста била дијагностицирана во Градската општа болница. Ова е прв случај во Македонија каде е регистриран вирусот кој го пренесуваат комарци. До сега не се регистрирани други случаи уверува директорката на клиниката за инфективни болести.

Епидемиолозите велат дека кај 80 проценти од заразените со западнонилска треска болеста поминува без да има изразени симптоми. Помалку од 20 отсто можат да имаат клиничка слика како грип а само еден процент да завршат со воспаление на мозокот, тешки компликации и фатален исход.

Лани биле пријавени само двајца заболени а пред 7 години беа регистрирани неколку смртни случаи од вирусот. Во соседна Грција од вирусот на западнонилска треска починале тројца а уште 30 се заболени. Западнонилска  треска е регистрирана и во Србија, Романија и Унгарија.