Македонија
21. February 2019 - 16:29

Нема нови оставки по повикот на премиерот Заев за непотистичките вработувања

Заев чека откази, роднините на функционерите од власта чекаат државна плата. Слаб одѕив на повикот на премиерот браќата, сестрите и родителите на министрите и пратениците од власта да ги испразнат канцелариите во јавната администрација

До сега откази најави мајката на Костадинов и синот на пратеникот Мисовски. Од државната работа која не била за фалење ќе се откаже и дедото на Кирацовски, но не се знае дали и натаму граѓаните ќе мора да ја плаќаат и сестрата генералниот секретар на СДСМ која е вработена во Централниот регистар.

Иако премиерот побара канцелариите да ги чистат и роднините на кадрите на ДУИ, од партијата на Ахмети велат дека нивните роднини остануваат на државна плата.
За нови откази информации нема ниту Министерот задолжен за администрацијата. Тој денеска побара заедно со роднините на функционерите на власта оставки да поднесат и оние кои се вработиле во времето кога владееше сегашната опозиција

Додека се чекаат отказите, опозицијата обвинува за серија нови случаи на непотизам.

Од опозицијата велат дека е смешно СДСМ да обвинува за непотизам во редовите на опозицијата во време кога ја контролира целата власт.
Според ВМРО-ДПМНЕ, политичкиот прогон кој власта го врши врз нивната партија бил резултат на паниката која ја зафатила Бихаќка откако како што велат граѓаните го виделе вистинското лице на СДСМ.