Нема ни главни книги за училиштата?
Училиштата се уште не ги добиле главните книги и почетокот на учебната година е доведен во прашање. За скандал во образованието на седум дена до стартот на новата учебна година обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Од партијата велат дека ова е само еден од низата пропусти во Министерството за образование, по недостатокот на свидетелства и скандалозните уписи во средните училишта.
Станува збор за книги кои служат за педагошка евиденција и кои мора да бидат доставени до 1-ви септември.
“Имено, во ист работен ден, училиштата добија известување од Бирото за развој на образованието дека треба да ги подигнат главните книги за учебната 2022/2023 година, за потоа доцна попладне повторно да се известуваат да не бараат Главни книги, бидејќи има грешки во печатењето и поради тоа главните книги ќе треба да се препечатат”
А за печатење е задолжена Арберија - фирма блиска до ДУИ и СДСМ, велат од опозицијата, која се обврзала на навремена испорака.
Но сега кога тоа не е случај, од ВМРО ДПМНЕ прашуваат на чиј трошок повторно ќе се печатат книгите и кој и каква одговорност ќе понесе?
Министерот уверува дека процесот ќе заврши навреме, но во но во спротивен случај, целосната одговорност треба да се бара од Бирото за развој на образованието.
Од Бирото се децидни дека не станува збор за нивен пропуст , а уште помалку "нов скандал" во образованието.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
