Loading Video...
Свет
24. April 2022 - 16:34

Нема мир во Украина и за Велигден - Киев обвинува за воени злосторства, Москва демантира

Тапкаат преговорите меѓу Украина и Русија. Ниту за велигденските празници нема примирје меѓу двете земји. Војната влегува во третиот месец, принудувајќи ја Украина повторно да ги живее најлошите денови од 20от век. Светските лидери, но и украинскиот претседател Зеленски продолжуваат со обвинувањата кон Русија дека е одговорна за воени злосторства  по бомбардирањето на повеќе градови. Во своето обраќање пред нацијата по повод Велигден, Зеленски рече дека ни едно зло нема да ја уништи Украина и државата ќе го надмине мракот што и го донесе војната.

Во Украина денеска се оддржуваат скромни Велигденски прослави. Укрaинските власти претходно ги повикаа верниците да ги следат мисите преку интернет и да го почитуваат ноќниот полициски час.

Во меѓувреме украинското обвинителство излезе со податоци дека во изминативе два месеци од кога инвазијата убиени се 213 деца.

Од друга страна Москва ги демантира обвинувањата дека е вмешана во наводните убиства на цивили.

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на велигденската литургија во Соборниот храм Христос Спасител во Москва. Литургијата, која започна неколку минути пред полноќ, ја служеше патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

Во оваа црква Путин традиционално го слави Велигден.