Нема место за паника: Заразените пациенти на Инфективна во добра состојба, состојбата под контрола
Седумтемина пациенти од гостиварско село хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести се во добра општа состојба и се чекаат нивните резултати од нашата лабораторија и од рефентните центри, изјави денеска заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски.
Резултатите од анализите за утврдување на причината за смртта на двете лица од гостиварското село Симница кои починаа на Клиниката за инфективни болести откако биле донесени во тешка здравствена состојба, покажале дека тие биле позитивни на Хантан вирус, кој не се пренесува од човек на човек.
Чакаровски рече дека во овој момент во селото и во бачилото се врши комплетна дератизација и дезинсекција на сите објекти во селото и околината. Потенцира дека се чекаат резултати од мострите од вода и резултатите од Агенцијата за храна и ветеринарство.
- Нема место за паника, се е под контрола, потенцира Чакаровски.
Тој рече дека преземаат се што е во ингеренција на Министерството.
- Овој вирус се пренесува преку глодари. Точно како е настанат допрва ќе сознаваме и ќе ја известиме јавноста. Комисијата за заразни болести постојано заседава и вклучени се сите институции. Вчера го посетивме и инфективното одделение во Гостивар, понудивме помош, таму немаше нови пациенти. Денес нема нови пациенти, додаде Чакаровски одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата по повод одбележувањето на Светскиот ден за борба против хепатитис.
Ново на Сител
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата
-
Токсикологија поплавена, Клиниката два месеци не е осигурана
-
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко не се појави на суд
-
Судскиот Совет ги спроведува препораките на оценската мисија на ЕУ
-
Учениците возбудени за пролетниот распуст