-->
-->
Нема Лига на шампиони за ФК Лајпциг
-->
Бундеслигашката сензација екипата на Ред Бул Лајпциг на добар пат е да избори директен пласман во Лигата на шампионите, но иако тимот тоа може да го избори со своите игри на теренот, УЕФА нема да му дозволи да игра во елитното натпреварување.
Наместо бајка фудбалерите на Лајпциг најверојатно ќе доживеат кошмар, откако УЕФА испрати соопштение дека нема да дозволи два клуба со ист сопственик да играат во Лигата на шампионите.
Имено, Лајпциг е во сопственост на Ред Бул, компанија која го поседува и австрискиот клуб Салцбург.
Salzburger Nachtrichten пишува дека УЕФА ги известила клубовите за правилата кои ги применува, додека германскиот Sport 1 пренесе дека сосптвеникот ќе го избере Салцбург да игра во најсилното европско натпреварување бидејќи има подобар пласман во националното првенство и има подобар европски коефициент
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата