Нема евиденција за етничката припадност на попишаните граѓани од дијаспората
82.000 граѓани од дијаспората до сега се попишале, а останатите ќе можат да се попишат до 21 април. Премиерот преку фејсбук ги повика нашинците кои имаат македонско државјанство да се приклучат на како што вели патриотскиот чин и да помогнат да се добие јасна слика за дијаспората. Податоците се криптирани и не се знае од која етничката припадност се иселениците кои се попишале. Директорот на ДЗС за Сител вели овие податоци ќе се обработуваат откако ќе финишира целосно статистичката операција.
За информациите кои се појавија во јавноста дека во обрасците за попис постои графа македонци муслимани, Симовски вели дека таква поделба не се правело никогаш во било кој попис до сега. Секој се изјаснува како што се чувствува порача првиот човек на ДЗС.
Пописот во земјава е предвидено да се спроведува од први до 21 април.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар