Нема договор, штрајкот во образованието продолжува утре
Нема најава за преговори, откако СОНК попладнево одлучи да го продолжи штрајкот.
За синдикатот не е прифатлив предлогот на Владата во време на криза и инфлација за 10 проценти да се зголемат платите на наставниците и воспитувачите. Иако училиштата и градинките остануваат празни, синдикалците уверуваат дека на ученциите нема да им биде скратена можноста да го надокнадат изгубениот материјал.
За Владата, одлуката на СОНК е неодговорна и несериозна. Бараат синдикатот да има поголема доверба во институциите, затоа и претходно преку дијалог бил постигнат договор за истиот проблем. Неопходне е просветните работници да се врата на работа и да продолжи образовниот процес.
-Владата смета дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза. Најдобриот интерес на децата треба да ни е на прво место, бидејќи правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат. Со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата на Владата со која се отвора простор за трајно решавање и подобрување на стандардот на вработените во образованите, ризикот за продолжување на училишната година е особено извесен. Во овој контекст, несериозно е да се ставаат во ризик и да им се прави штета во личниот развој на децата кои треба да го продолжат образованието, да се запишат во средните училишта, да полагаат матура и да се запишат на факултетите во земјава и странство, стои во соопштението.
Од Владата велат и дека согласно законот за работни односи и Колективниот договор за основното, средното образование и за градинките , на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите.
Ова произлегува од одлуката на СОНК да организира и одржува генерален штрајк за унапредување на правата на работниците, а во периодот од шест месеци од донесувањето односно зголемувањето на минималната плата. Законската обврска за усогласувањето е шест месеци од донесувањето, односно зголемувањето на минималната плата и Владата, а министерствата и СОНК се уште преговараат во овој законски предвиден рок, пишува во соопштението.
Претходно, министерот за образование ги повика наставниците да се вратат на своите работни места, а дијалогот меѓу двете страни да продолжи. И министерката за труд и социјална политика ги повика воспитувачите да се вратат во градинките, затоа што секој изгубен ден плус му штети на детскиот развој.
-
Елена Милошевска Јакимовски
Сите содржини од овој новинар