Бизнис
14. February 2018 - 19:54

Нема да се распишуваат тендери за набавки до 1000 евра

Наместо 500, илјада евра ќе биде прагот за јавни набавки без тендер.  Новиот закон предвидува зголемување на лимитот? на 2 000  евра и  за секторските дејности. Сомнителните тендери пак ќе ги детектира електронскиот систем на Бирото за јавни набавки, информира директорот Георгиевски. Според него ова не се значително зголемени износи и не стравува од корупција.

- Со тоа ќе се олеснат малите набавки, ги олеснуваме прашањата на многу училишта и градинки, бидејќи имаат дефицит на кадар што работи во јавните набавки. Со зголемување на прагот на јавни набавки пак сме со најмал праг во регионот, односно немаме висок праг за да има опасност од зголемена корупција“, кажа Георгиевски.

И бизнис заедницата очекува подобрување на системот за јавни набавки. Од денеска ќе ги доставуваат забелешките и предлозите до Министерството за финансии. Задоволни се што најниската цена нема да биде главен критериум во иднина.

Новиот Закон за јавни набавки треба да стартува со примената од први јануари следната година. Надлежните очекуваат Собранието да го усвои најдоцна до октомври.