Нема да се брза со отворање на градинките
Во однос на почетокот со работа на градинките ќе се запази динамичкиот план што веќе е утврден заедно со Министерството за труд и социјална политика, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
– Веќе почнуваат да се отвораат и уписите за тие деца кои не се запишани и тие што навистина нема каде да ги носат децата, а тоа оди паралелно со оној процес на враќање тогаш кога ќе се одлучи, односно тогаш кога ќе бидат отворени за вработените. Во оваа ситуација сакам да потенцирам дека нема да брзаме со градинките, нагласи Филипче.
Министерот Филипче потенцира дека апсолутно е дозволено родителите на деца до 10 години да не одат на работа се до отворање на градинките.
– Тие имаат апсолутно легитимно право да не одат заради тоа што мора да ги чуваат децата, а секој прекршок би требало да се санкционира преку инспекторатите, потенцира Филипче.
Ново на Сител
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец
-
Преглед на вестите од светот
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација