Нема да го препознаете - еве како денес изгледа Мете од „Бурни времиња“
Љубителите на турските ТВ серии младиот актер Арас Булут го паметат како Мете, синот на Џемиле и капетанот Али кој пред да стане музичар беше едно проблематично дете што постојано и создава проблеми на мајка си.
Пред да почне да глуми во серии, Мете или Арас се појавил во три реклами, а во 2010 година почна да ја игра улогата во „Бурни времиња“. Во 2011 година на своја 20 годишна возраст ја освојува наградата „Antalya Award“.
Во 2013, Арас започнува да глуми во „Мехмед и Мерием“ со што неговата популарност станува уште поголема во Турција.
Веќе во 2015 година убавиот и згоден млад турски актер добива главна улога во турската драма „Maral En Guzel Hikayem“. Арас е доста популарен и кај женската турска популација, која не пропушта да му поласка на заводливите фотографии на Инстаграм.
Погледнете во каков згоден шармер израсна Мете.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Скопје
-
Сончево со локална облачност
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација