Неколкумина повредени при обид возило да влезе во седиштето на НСА
Неколку луѓе беа ранети денеска при пукотница во близина на седиштето на Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД во Форт Мид, држава Мериленд, јавија американски медиуми.
Извор близок до ФБИ, кои вршат истрага изјавил дека најверојатно не станува збор за терористички напад.
Инцидентот се случил во седум часот по локално време кога црн автомобил се обидел да влезе насилно во комплексот, што е на 50 км североисточно од Вашингтон.
Според првичните информации на НСА, нема жртви ниту рани од огнено оружје.
Од НСА не соопштија кој пукал – обезбедувањрто или лицата од автомобилот. Нагласија само дека на местото на инцидентот е пронајдено оружје. Повредените биле пренесени во болница.
На инсерти на Ен-Би-Си се покажани дупки од куршуми на шофершајбната на автомобилот што удрил во бетонската заштитна ограда. Претходно, американски медиуми јавија за најмалку тројца ранети.
- Претседателот Доналд Трамп бил информиран за случајот, изјави портпарол на Белата куќа.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
-
Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава