Македонија
21. July 2021 - 19:50

Неколку струмичани станале жртви на интернет измами

Прво ги намамиле на видео комуникација преку фејсбук, а потоа ги уценувале со експлицитната содржина од видео материјалите. Неколку струмичани станале жртви на лажни профили откако претходно прифатиле да комуницираат со непознати лица кои се претставувале дека се девојки од Македонија на возраст од  25 до 30 години. Сопствениците на лажните профили прво разговарале со оштетените,  потоа од нив барале да воспостават видео комуникација по што без нивно знаење изготвувале фото и видео материјали со експлицитна содржина.  Материјалите  понатаму им служеле за уцена и изнуда на пари. Сметките на кои требало да се уплатат средствата најчесто биле регистрирани на Брегот на слоновата коска.

  - Уцената ја вршеле на начин што од страна на лажните профили се барала уплата на пари со цел предметните фотографии и видео содржини да не завршат кај фамилијата на оштетените или нивните најблиски.
Отсекот за компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Струмица постапува по сите поднесени пријави. Сметките на кои требало да се уплатат паричните средства стекнати со уцената најчесто се од Брегот на Слоновата Коска. Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе достави барање до социјалната мрежа фејсбук да ги утврди IP адресите од кои се регистрирани лажните профили, а побарана е и меѓународна правна помош, вели Александра Трајанова - Портпарол на СВР Струмица.

За сега нема информација колку лица биле  жртва на овие лажни профили на фејсбук. Од струмичката полиција само потврдија дека кај веќе пристигнале неколку пријави кои се однесуваат на измамите од ваков тип.

Во меѓувреме од таму апелираат до граѓаните да не наседнуваат на вакви уцени и да не споделуваат нивни фотографии или видео содржини со трети лица, со цел спречување на понатамошна злоупотреба на истите.