Неколку стотици лица учествува во мировниот марш на муслиманите во Келн
Неколку стотици лица учествуваа вчера во мировниот марш на муслиманите во Келн против насилството и исламскиот терор, иако организаторите очекуваа околу 10 десет илјади учесници, јави ДПА.
Учесниците во маршот носеа транспаренти со натписи „Заедно против тероризмот“ и „Омразата ја претвора земјата во пекол“.
Според полицијата маршот минал во мирна атмосфера.
Пред настанот имаше жестоки дебати поврзани претежно со повлекувањето од маршот на турскиот муслимански совет, познат како Дитиб.
Според најголемата исламска асоцијација во земјата маршот би испратил погрешен сигнал, алудирајќи дека меѓународниот тероризам е само муслимански проблем.
Унијата посочи, исто така дека не може да се очекува муслиманите кои постат за Рамазан да учествуваат во настанот на овие летни температури.
Организаторите, на чело со експертот за истражување на исламот Ламија Кадор ги повикаа муслиманите во целата Германија да испратат пораки против исламизмот и тероризмот по неодамнешните напади во Берлин, Манчестер и Лондон.
Ново на Сител
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри