Македонија
18. April 2016 - 10:54

Неколку скопски населби и села утре без струја

Дел од корисниците од селата Долно и Горно Лисиче, како и населбите Лисиче, Ново Лисиче и Аеродром, утре од 4 до 6 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Сердарот“, „Партизански пат“, „Јустинијан Први“ и „Солунска Глава“, во општина Кисела Вода, а од 9 до 15 часот и од улиците „Нов Живот“, „Дринска“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари и од село Долна Арнакија. 

Во периодот од 9:30 до 12 часот, струја ќе немаат и корисниците со непарни броеви од улицата „Мраморец“ во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија.