Неколку илјади пожарникари во Њујорк протестираат против задолжителната вакцинација
– Илјадници работници во Њујорк, претежно пожарникари, протестираа на Бруклинскиот мост против задолжителната вакцинација, што ја најавија градските власти минатата недела.
„Дали нè прашувате дали сте вакцинирани кога нè повикувате на помош?“, „Вчера неопходни, денеска невработени“, пишуваше на транспарентите што ги носеа луѓето.
Сите градски работници беа поканети да прошетаат по Бруклинскиот мост до Градското собрание, но пожарникарите беа најбројни, препознатливи во маичките на нивните станици, а некои ги носеа имињата на колегите убиени во нападите на 11 септември 2001 година.
Според Противпожарната служба на Њујорк, стапката на вакцинација во понеделникот била 60 отсто од вкупно околу 17.000 пожарникари, што е значително помалку од 84 отсто од вакцинираните возрасни њујорчани.
По вакцинирањето на наставниците и негувателите во септември, стапката на вакцинација сега надминува 95 отсто, а Њујорк ја прошири обврската за вакцинација на сите 160.000 градски работници, од кои 46.000 не ја примиле првата доза до минатата недела.
Полицискиот синдикат веднаш најави дека одлуката ќе ја оспори на суд.
За да ги мотивираат неодлучните, градските власти ветија бонус од 500 долари за оние кои ќе ја примат првата доза од вакцината до 29 октомври. По тој датум, на оние кои одбиваат ќе им бидат суспендирани приходите.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок