Некои од најлесните раси кучиња за тренирање
Ново куче во домот може да биде многу возбудлива, но и стресна одлука. За сопственикот тренингот може да бара многу, но ако штотуку планирате да земете куче, секако размислете за следниве раси.
Настрана од можноста да посетува часови за обука и однесување, сопственикот е прилично сам кога го тренира своето куче. Ако не почне рано, обично тоа значи фрустрирачко искуство и за себе и за животното. Стручњакот за однесување на кучињата, Вил Атертон издвојува три раси кои особено се издвојуваат кога говориме за тренирање.
– При изборот на раса што лесно може да се истренира, главната работа што ја бараме е ангажираноста на човекот и желбата да му удоволи (на кучето). Ако го води храната – уште подобро. Таа комбинација создава кучиња неверојатно лесни за тренирање, изјави тој.
Лабрадор ретривер
На Атертон, оваа раса му е една од неговите омилени, како и една од најлесните кога станува збор за тренирање. Лабрадорите се најпопуларната раса на кучиња во Обединетото Кралство, а тоа можеби е затоа што толку добро реагираат на тренинзите.
Според „Спрус петс“ (The Spruce Pets), овие кучиња се многу интелигентни, трпеливи и разиграни, а нивната еластична природа е и причината зошто многу службени кучиња се исто така лабрадори. Добро реагираат на награди и имаат многу енергија, па секојдневната физичка активност е клучна.
Белгиски малиноа-овчар
Овие кучиња првично биле одгледувани за чување стадо, но поради високата интелигенција, тие се користат и во полиција работа, откривање бомби и обезбедување настани.
– Не е изненадување што тие се користат за работни места кои бараат неверојатно високи нивоа на работен капацитет. Значи, тие се многу енергични и бараат секојдневна физичка активност, но исто така, се и неверојатно лојални и паметни и можат да бидат одлични миленици, рече Атертон.
Ова е уште една раса позната по своите способности за чување стада. Многу се интелигентни и подготвени за учење, а лесно се мотивираат со сластки награди и играчки. Атертон истакнува дека тие се една од најинтелигентните раси и затоа често се гледаат и на натпревари
Но она што мора да се има предвид е дека овие три раси се кучиња кои имаат потреба од секојдневни долги прошетки, долго трчање и работни навики.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода три лица од Скопје барани по централни потерници
-
Сe уште неотворена вандализирана нова градинка во Бутел | ФОТО
-
Без вода делови од Чаир
-
Повторно се одложува долгоочекуваната одлука за големиот случај против Манчестер Сити
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи таткото на Вања
-
Плаколм: На Северна Македонија треба да и се овозможи пристап до програмите на ЕУ
-
Уметност на договорот? Како Трамп се повлече од царините
-
Директор на Сименс и неговото семејство загинаа во хеликоптерска несреќа на Менхетен