Свет
8. October 2015 - 12:52

Неизвесен изборот на нов претседател на Претставничкиот дом на САД

Група конзервативни републикански конгресмени се заканија со блокада на изборот на наследникот на актуелниот претседател на американскиот Претставнички дом, Џон Бејнер, јави Гласот на Америка. 

Според радиото, членовите на конзервативниот Слободен комитет на Домот донеле одлука за нов претседател на Претставничкиот дом да го предложат конгресменот од Флорида, Даниел Вебстер.

Од друга страна, повеќето републикански конгресмени застанаа зад кандидатурата на актуелниот лидер на мнозинството во Претставничкиот дом, Кевин Маккарти. 

Според Гласот на Америка, доколку сите 40 членови на Слободниот комитет при гласањето за нов претседател на 29 октомври се изјаснат за Вебер, тогаш гласовите на останатите републиканци нема да бидат доволни за избор на Маккарти за функцијата.