Македонија
1. November 2019 - 18:03
Неизвесен датумот за избори, опозицијата не оприфаќа промени
Неизвесно е дали ќе се одржат избори на 12 април. Премиерот Заев денеска повторно ја отвори можноста соочувањето со граѓаните кое лидерите веќе си го договорија на средбата кај Пендаровски да не се одржи во закажаниот термин поради ратификацијата на протоколот за НАТО.
Опозицијата е против. Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека од Заев се може да се очекува. Евентуалното одложување го коментираат како страв на власта од како што велат, извесниот пораз.
Против е и албанскиот опозициски блок. Од таму порачуваат дека договореното мора да се почитува. За НАТО велат, има доволно време
Лидерите на парламентарните партии пред десетина дена на лидерска средба кај Претседателот Пендаровски се договорија изборите да се одржат на 12 април, идната година
-
Алексадар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->