Негувателка обвинета за малтретирање две деца

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против негувателка за кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Таа во првата половина од ноември лани била ангажирана како негувателка на две деца на возраст од три години, но додека родителите биле на работа, таа постојано им викала на децата, ги навредувала и физички ги напаѓала, удирајќи ги со рака по главата и кубејќи ги за косата. Со цел да се заштитат од неа, во моментите кога им се приближувала, децата се бранеле кревајќи ги рацете кон главата.
Мајката на децата во домот поставила безбедносни камери и при прегледот на видео записот го забележала малтретирањето.
Јавниот обвинител поднел предлог за продолжување на мерката куќен притвор поради опасност од бегство или можност обвинетата да продолжи да го извршува истото кривично дело со други дец
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
