Неговата сестра му дала да управува со фирмата, а тој правел измами - скопјанец заработи кривична
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единицата за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Љ.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „измама“, казниво по член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот, со лажно прикажување на факти како ополномoштено лице со полномошно од 27.01.2017 година заверено на Нотар, а дадено од неговата сестра како управител на правно лице, за да превзема дејствија во нејзино име, довел во заблуда претставник на друго правно лице и се стекнал со имотна корист во вкупна вредност од 154.201 денари. Тој го прикрил фактот дека не може да ја плати набавената стока, односно дека неколку месеци има блокирана жиро сметка и нема активен деловен статус.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
