Неготино со три нови проекти за руралните средини

Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој на Република Македонија и одобри на Општина Неготино 45.000.000 денари за реализација на проекти за подобрување на условите за живот во руралните средини.
- За проектот реконструкција и асфалтирање на 800 метри од патниот правец Горни Дисан-Вешје во должина од 800 метри, одобрени се близу 20.000.000 денари. За спроведување на проектот Изградба на линиска патна инфраструктура за поврзување на село Калањево со излетничкото место Бела Вода, општината доби 15.000.000 денари. За проектот за изградба на три улици во Неготинско Тимјаник одобрени се средства во висина од 10.000.000 денари, соопштија од локалната самоуправа.
Општината за реализација на проектите треба да спроведе постапка за јавна набавка.
Ново на Сител
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
-

Пропадна предлогот за минималец од 600 евра, функционерските плати ќе останат исти
-

Уставен пресече - пензиите на пензионерите во странство не може да растат како оние на македонските пензионери
-

Од 1 март плаќање онлајн само со двојна верификација
-

„Нет без хејт“
