Македонија
3. March 2021 - 11:00

Неготинка пријавила физички напад од зетот

Шеесет и деветгодишна неготинка пријавила физички напад од 40- годишниот зет за ќерка, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Физичкиот напад, жителката на Неготино го пријавила вчера околу 20 часот. Таа појаснила дека живее во заедничка куќа со ќерката и зетот.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.