Негативен и вториот тест за коронавирус на лидерот на СДСМ Зоран Заев

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот фејсбук профил денеска објави дека и вториот тест за коронавирус што му бил направен согласно здравствените протоколи бил негативен.
-Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен. Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот. Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови, пишува Заев.
Овој вирус, додава тој, покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас.
-Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.
Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од два метри, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите. Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот. Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател, пишува лидерот на СДСМ на својот фејсбук профил.
Ново на Сител
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
-

Нема да се прави ребаланс на буџетот за минималец од 600 евра
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

ДУИ против укинувањето на Пржинската влада
-

Нов закон за високо образование - квалитет во студирањето и повеќе мака за стекнување докторска титула
