Неделков пред средбата во МОН: Оптимисти сме за денешната средба
Со оглед на тоа што денеска и официјално од Министерството за образование и наука имаше изјава дека има сериозен пристап кон решавање на овој проблем односно максимални напори да се доближат со процентот што го побара СОНК, само по себе дава за право да бидеме оптимисти на денешната средба и од министерот за образование и наука да слушнеме нешто поконкретно, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура Јаким Неделков пред почетокот на средбата во МОН од кое денеска добиле покана за нова средба за преговори за платите.
Три дена се штрајкува, а претходно, рече тој, поминаа и 30 дена во преговори, но не е добиен конкретен предлог на барањето на СОНК.
-Од таа причина убедени сме дека денеска ќе имаме нешто повеќе да и соопштиме на јавноста. Во секој случај, ние сме секогаш отворени за соработка, максимално сме конструктивни и сакаме што побрзо штрајкот да заврши, се во интерес на учениците и на родителите, изјави Неделков пред средбата закажана во 15 часот во МОН.
На прашање дали утре во училиштата ќе прекине штрајкот доколку денеска биде постигнат договор со МОН, Неделков одговори дека тоа ќе зависи од повеќе фактори и од тоа колку, како што рече, „ние брзо и ескспедитивно предлогот ќе го доставиме до синдикалните организации“.
-Тоа би значело во поладневните, вечерни часови, за повратно да добиеме одговор од 600 синдикални организации и 20 регионални одбори сумирани резултатите за вечерва, ноќеска, Советот на СОНК да донесе одлука. Теоретски е возможно, но практично сме цајтнот со време. Да бидеме оптимисти – ако навистина има добар предлог, ние не би спиеле цела ноќ, би работеле со нашето членство за да изнајдеме решение. Но, велам, ако имаме соодветна, коректна понуда која навистина ќе може да помине во членството, рече Неделков.
Поканата за нова средба во обид за договор за платите на вработените во образованието и градинките беше најавена во понеделникот, на првиот ден од генералниот штрајк. СОНК денеска добил покана од МОН откако претходно на Фејсбук ја поздрави заложбата на министерот за образование и наука за изнаоѓање средства за задоволување на барањата на вработените во дејноста образование.
Министерот Јетон Шаќири во интервју за ТВ Алсат вчера изјави дека МОН е подготвен да пренамени дел од својот буџет за да се доближи до процентот на покачување на платите што го бара Синдикатот.
– Ова нека биде добар пример и поттик за Министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моменталната ситуација, објави денеска Неделков на Фејсбук.
Министерот за образование и наука во интервјуто изјави дека е подготвен да направи отстапки од повеќе инвестициски и други активности дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, кои предизвикуваат фискални импликации, со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближи до процентот на покачување на платите на наставниците што го бара СОНК.
Ново на Сител
-
Македонски тим од неврохирурзи и невролози добитници на 2-ра награда на Меѓународниот конгрес по невронаука | ФОТО
-
Приведен 42-годишник од Тетово, управувал со возило под дејство на алкохол
-
„Велт ем Зонтаг“: Бројот на натурализации во Германија достигна нов рекорд - речиси 250.000 во 2024 година
-
Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети
-
Џефри Сакс: „Четворицата мускетари“ нема да обезбедат воена победа за Украина
-
За околу два часа распродадени картите за концертот на Металика во Атина
-
Трибина за Оперативниот план 2025: Младите да останат во земјава, луѓето во социјален ризик економски да се осамостојат
-
Турските власти издадоа налози за апсење на 47 опозициски функционери, досега приведени 28