Македонија
14. January 2024 - 16:37

Неделава клучна и за коалициите за избори и за оставките за техничката влада

Наредните 10 дена ќе бидат клучни за распоредот на силите за претстојните претседателски и парламентанри избори. Политичките аналитичари прогнозираат дека до формирањето на техничката влада ќе бидат донесени и одлуките дали ќе има коалиција СДСМ-ДУИ како што инсистира партијата на Ковачевски, но и како ќе се позиционира Алијанса на Албанците. 

Од позиционирањето на владејчките албански партии понатаму ќе зависи и текот на кампањата. Но, професорот Божиновски е дециден дека во преткампањата вообичаени се “меѓупартиските кошкања“. Покрај негативната кампања тој очекува партиите и од власта и од опозицијата во текот на февруари да почнат да нудат и конкретни решенија и кадри.

Според политичкиот роковник, премиерот Ковачевски и собранискиот спикер Џафери кој треба да стане технички премиер своите оставки треба да ги депонираат во парламентот во текот на наредната недела. Незивесно дали за ова ќе ја искористат утрешната собраниска сеедница. 

Во текот на неделава треба да се очекуваат и имињата за техничките министри и заменици од редот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Од 26 до 28 јануари пак, се планира изборот на привремената влада. Собранието е планирано да се распушти во втората половина на февруари.