„Недела на виното” во Неготино

Со предавање за примена на енолошки средства во производство на вина во домашни услови наменето за лозарите од Тиквешко и сите оние кои произвадуваат домашно вино, кое се одржа во големата сала на неготинската општинска зграда, синоќа во Неготино започна традиционалната манифестација „Недела на виното”.
Бројни настани се организираат во чест на верскиот празник „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите. Предавач беше магистер Игно Тасев, претседател на Здружението на винари од Македонија и претставник на компанијата „Тохем”.
- Многу е важно нашите домашни производители на вино да ја почитуваат традицијата во производството наследена од нивните дедовци. Но, исто така, потребно е да ги следат и новите достигнувања во винопроизводството, да знаат кои енолошки средства можат да ги користат за да произведат што е можно поквалитетно вино. Затоа што само традицијата споена со знаењето, ги дава вистинските резултати, нагласи меѓу другото Тасев.
Тој изрази задоволство што расте бројот на индивидуални винопроизводители кои полека но сигурно од аматери стануваа полупрофесионалци. Изрази надеж дека дел од нив ќе се одлучат своето мајсторство во оваа област, да го преточат во мал семеен бизнис. Се со цел развој на винарството и винскиот руризам во Тиквешко како најголем лозаровинарски регион во Македонија.
Ново на Сител
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
-

Тестот на обвинетата Димитровска го полагал друг, а таа му пишала порака дека ќе чести ручек
-

Кој ќе ги гони полицајците за „Пулс“?
