Недела на современ јапонски филм од денеска до 30 септември
Кинотеката на Македонија во соработка со Амбасадата на Јапонија со седиште во Виена и со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, од денеска до 30 септември организира Недела на современ јапонски филм.
Во петте фестивалски вечери во терминот од 20 часот ќе бидат прикажани пет нови филмови од јапонската кинематографија, снимени од 2012 до 2015 година.
Неделата на современ јапонски филм вечер ќе почне со проекција на играниот филм „Самурајот на мачорот““ во режија на Такеши Ватанабе и Јошитака Јамагучи од 2014 година.
Во наредните денови ќе бидат прикажани и: „Досие: Специјална задача“ во режија на Тоја Сато, „Летечкиот замок“ на Шинџи Хигучи и Ишин Инудо, „Тркалезната маса“ во режија на Исао Јукисада и „Собирач на време“ по сценарио и режија на Хиројуки Накао.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева