Недела на самоевалуација на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола од денеска до 30 октомври на сите факултети ја реализира неделата на самоевалуација во која ќе бидат анкетирани студентите од универзитетот.
Марија Маленковска Тодорова, претседателка на комисијата за самоевалуација на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола појасни дека станува збор за законска обврска на универзитетите која се реализира со цел низ процес на самоевалуација да се воочи развојот на универзитетот, а за што ќе биде изработен и посебен извештај,
- Постапката на самооценување се врши со анонимен анкетен лист со кој се анализира квалитетот на наставната дејност, научно-истражувачките работи, меѓународната соработка, меѓууниверзитетската соработка во државата, учеството на универзитетот во меѓународни проекти за мобилност и соработката со стопанството. Самоевалуацијата се врши со претходно утврдена методологија и според европски стандарди, а ја реализираат сите студенти од универзитетот, од кои очекуваме реален критички и самокритички однос и непристрасност бидејќи анкетата е од нивна корист и директно влијаат врз квалитетот на студиите, посочи Маленковска Тодорова.
Извештајот за реализацијата на самоевалуација на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола ќе биде јавно објавен, потврдија од тимот што го реализира овој академски процес.
Ново на Сител
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
