Не застанале на даден знак на полицаец, удриле во бетонски ѕид и избегале
На 20.06.2020 околу 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Боца Иванова“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје се обиделе да запрат патничко моторно возило „Шкода“, но возилото не застанало на даден знак и го напуштило местото на настанот. По ова на ул. „Македонско-Косовска Бригада 10“ истото возило удрило во бетонски столб и од возилото излегле две лица кои го напуштиле местото на настанот.
Од полициски службеници на местото на настанот биле пронајдени, пиштол „берета“ 7.65мм, светла за сигнализација (флешери), одјавени скопски регистарски ознаки и туба за точење на бензин.
Возилото е подигнато од местотот на настанот за понатамошна постапка.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321