Живот
1. February 2018 - 12:45

Не смеат пе*ери да посвојуваат деца, каде е правото на детето ако тие го посвојат?! Лукас за хаосот во Кирилица поради ЛГБТ заедницата

За изјавата на Аца Лукас во емисијата Кирилица на тема хомосексуалци зборува целата јавност, некои го сметаат тоа за скандал, некои за предмет за тужба, па по тој повод фолекрот гостувал денес и во Ново утро.

-  Ништо нема тука скандалозно, беше малку по остро. Беше целото жири на Гранд, инаку така навикнавме па бев малку по остар - рекол Лукас на самиот почеток.

Лукас уште на самиот почеток на емисијата Кирилица на ТВ Хепи барал да не зборува на експлицитни теми, но до нив сепак дошло. Лукас и понатаму останува на тоа што го кажал, и покрај најавената тужба поради говор на омраза.

- Ако ме тужат, ветувам нема ни адвокат да барам, само ќе ја донесам снимката од емисијата и ќе ја пуштам во моја одбрана. Пред се моите права се загрозени затоа што не можам да го кажам она што го мислам. Јас не мразам никого. Повеќе пријатели хомосексуалци имам од сите нив заедно. Моите пријатели ги знаат моите ставови - рекол Лукас.

- Имав можност во Цирих да гледам парада, одат голи, тоа се дедовци од 70-80 години во танги... Имитираат и алудираат секс на улица. Воопшто не е важно што се, апсолутно сум против тоа. Јас го видов тоа, грозно е. На мене ми е одвратно, не затоа што се хомосексуалци, туку кој и да е - на мене ми е одвратно. Ако треба некој да ме тужи поради моето мислење, тогаш каде се моите права?

- Јас сум против тоа да се посвојуваат деца. Каде се правата на децата тука? Се знае што е семејство, мајка и татко. Тоа е единствена работа зад која стојам категорично. Никого не сум навредил, можеби бев премногу остар но таков е мојот начин на говор - заклучил тој.