Македонија
5. јуни 2023 - 16:32

Не се само пордилното и боледувањата, нема пари ниту за кирии на раселените

Државата доцни со исплата на помошта и за расселените. 30 тина семејства од конфликтот во 2001 та можат да останаат на улица, затоа што немаат пари да платат кирија. Јовановски е една од нив. Газдите и се заканиле – ако до петок не плати  – да го напушти станот.

- Такво време дојде, газдите викаат нема пари на сметка, да го напуштиш станот. Тие шТто ги имавме оставено за депозит, ќе се искористат за плаќање сметки. Ние нема кај да одиме. 23 години тапкаме во место, од наш имот без ништо останаваме, изјави Андронита Јовановска, координатор на раселените лица.

Максималната помош која расселените ја добиваат за 5 члено семејство изнесува 12,000 за кирија и 7,500 за храна, додека пак за 3 и 4 члените семејство 9,600 е сумата за станарина и 6.200 денари за храна. Раселените од село Радуша неколку пати во министерството за труд побарале објаснување зошто им доцни исплатата и кога ќе ги дoбијат парите – но одговор не добиле

Од министерството за труд велат дека исплатата е влезена во процедура и во наредните два дена се очекува да им легнат на сметка. Се уште не се знае кога ќе бидат исплатени парите за породилно отсуство и боледување, кои доцнат веќе два месеца.