Македонија
11. March 2024 - 20:06

Не се решаваат случаи на денационализација

Загрозена е постапката за денационализација. Повеќе од 4,000 предмети чекаат во фиока со години наназад, а последната година бројот на поплаки е огромен, обвинува  дополнителната заменик министер за финансии Петрова. Зошто Комиисиите не работат  и колку предмети се решени, не добила одговорот од министертот за финансии. Се сомнева дека неисплатениот хонорар од јануари лани , или цела година и 2 месеци, е една од причините, но и  неадекватното обрзаование на лицата кои се ставени да одлучуваат во овие комисии. Сега институцијата се соочува со тужби од нив  и плаќање високи трошоци и камати.

- Воопшто не ме зачудува оваа состојба, имајќи предвид дека наместо стручни лица, како што се правници и геометри кои треба да одлучуваат по барањата за денационализација и да вршат увид на имот кој може да се врати во сопственост, во Комисиите се назначени економисти, информатичари и други лица без соодветна стручност. изјави Елена Петрова, дополнителна заменик министер за финансии.

Петрова обвинува и за над 80,000  со години нерешени предмети за приватизација во подрачните единици низ државата. Од состојбата која ја затекната на терен согледла дека нема доволно кадар, има вработени со нерешен статус, повеќе задачи извршува само едно лице, а има и затворени  трезорски канцеларии поради одлив на кадар.

- За појаснување  на јавноста, трезорските канцеларии за буџетските корисници се исто што и банките за стопанските субјекти. Поради затворени трезорски канцеларии во Свети Николе и Штип, сите буџетски корисници и единки корисници – општината, училиштата, градинките, дом на култура, музеј и т.н., своите налози за плаќање мора да ги доставуваат во трезорската канцеларија во Кочани.

Петрова не ги добила ни бараните податоци за издадени согласности за вработувања, ниту за хонорарно аргажирани лица. Сител побара одговор за обинувањата на заменичката од редовите на ВМРО ДПМНЕ, но одговор не добивме.